Sunday, February 26, 2017

Обработка на лектирата ,,Времеплов"



     Јас и мојата група имавме за работна задача да ги пронајдеме ликовите,чуствата на ликовите,проблемите и настаните во лектирата ,,Времеплов" од Х. Џ. Велс.
        Наставничката формира 7 групи,  по 3 деца во група. Јас сум во работна група со моите соученици Мануела и Давид. Ние нашата задачата успешно ја сработивме, и затоа мојата оцена е позитивна во смисла дека е навремено завршена и доставена до нашата наставничка .Сметам дека настаните се точно и добро подредени со оглед  дека  сите се залагавме и работевме подеднакво и тимски.
     Лектирата ,,Времеплов" е напишана во 12 дела. Јас и мојата група внимателно ја прочитавме и го обработивме лектирата, и притоа изработивме табела, која го опфаќа секој дел поединечно во скратена форма, во која табела ги опишавме настаните, ликотите,  проблемите и чуствата на ликовите.
            Нашиот труд и залагање се надевам дека ќе биде награден со успешна оценка.

Saturday, February 11, 2017


Животен стил - некогаш и денес

Дали времето во кое живееме е најдоброто  за младите од мојата генерација?

  Времето во кое денес живееме го обележуваат низа продуктивни настани, процеси и промени. Тие влијанија ги сменија и подобрија условите за живеење на милиони луѓе.
 Имено, од една страна имаме бум на технолошко-техничкиот развој. Постигнат е голем напредок на полето на информатичката технологија. Но, истовремено со итање и со брзи чекори постигнати се и големи научни достигнувања во областа на фармацијата, медицината, машинството и др.
  Обичниот човек доколку го натерате да направи паралела за животот некогаш и денес, без тронка двоумење ќе ја нагласи предноста на денешниот животен стил на живеење. Притоа потенцирајќи ги сите придобивки, специфики, па дури и недоследности. Но сепак ќе ја потенцира разликата која може да се назре помеѓу живеењето пред триесетина години и денес.
  Но ако се проанализира добро, обичниот човек секако ќе забележи дека денес живееме во време кога помалку се гледаме и емоционално доживуваме меѓусебно. Тоа е поради поседувањето на најсовремени средства за комуникација. Па како резултат на тоа почесто се гледаме и среќаваме трчајќи низ животот и постојано бркајќи го времето, а помалку искрено се доживуваме и почитуваме.
  Меѓутоа, еден настан, еден миг, може да ви ги промени постојаните животни текови. Затоа вистински уживајте во секој миг, зграбете го животот и трчајте низ него со полна пареа бидејќи е еден и единствен, неповторлив. Искористете ја шансата физички да бидете присутни во животот на ближните и драги луѓе што почесто, шепнете им, или гласно изговорете дека ви значат, направете го секој миг величествен бидејќи она што денес ќе се случи утре е веќе минато..