Friday, December 29, 2017

Галебот Џонатан Ливингстон

Галебот Џонатан Ливинстон не бил како другите галеби. Тој бил бунтовник и не се грижел за другите галеби. И додека родителите го молеле да биде како другите галеби и да се грижи за тоа како да дојде до храна, тој само сакал да стане летечки виртуоз. Бил слаб, но летањето го сакал повеќе од храната. Ни помалите несреќи кои ги имал во воздухот не го поколебале. Со напорни вежби успеал да постигне брзина од 396 километри на час. Тоа бил рекорд во јатото и Џонатан очекувал пофалби од Старешината. Меѓутоа, Старешината го прекорил и го истерал од јатото. Но, Џонатан бил уверен дека следува повисока цел во животот. Бил протеран на високите тврдини, но тој одлетал подалеку. Го болело тоа што неговите браќа не сакале ниту да слушнат ниту да видат што научил.Протераниот Џонатан станува отпадник, но никако не се откажува од својот сон. Неговата желба е уште поцврста. Да се достигне совршенството, да се совлада летањето, да се биде слободен. Неговата техника на летање постојано се усовршува. Веќе не му се потребни бродовите за да преживее. Знае сам како да лови риба. Се вивнува во небесата, а потоа нурнува во водата и лови риба и на поголема длабочина. И не само тоа. Учи и повеќе, учи да спие и да се одмара додека лета. Да прелетува големи далечини со леснотија, да јава на силните ветрови. Учи да се пробива низ маглата и да се издигнува над тешките облаци, да биде горе, кај сонцето, додека останатите галеби во тие услови воопшто не би се одделиле од земјата и само би зјапале во небото. А потоа, една ноќ на Џонатан му се приближиле други два галеба кои биле сјајни како ѕвездите. Тие без никаков проблем ги изведувале сите акробации што Џонатан им ги задавал. Кога увидол дека нашол галеби рамни на него, Џонатан ги прашал кои се тие. Тие му одговориле дека се негови браќа и дека го носат дома, во неговиот вистински дом. Џонатан бил спремен и тогаш трите галеби исчезнале во темното небо. Џонатан сè полесно ги изведувал своите акробации, телото му станало посветло, а очите посјајни. Открил дека може да лета со брзина од 500 километри на час. Но, потоа неочекувано двата галеби исчезнале. Џонатан слетал на крајбрежјето каде го чекале десетици други галеби. Набрзо сфатил дека дошол во заедница во која на сите им било важно да ја доведат својата техника на летање до совршенство. За инструктор го добил галебот Саливан. Една вечер од старешината Ганг дознал дека небото не е одредено ниту со времето ниту со местото туку дека тоа е совршено и може да биде било каде и било кога. Дознал дека и со силата на мислите може да се стигне било каде. Џонатан напорно ја вежбал таа вештина и со старешината Ганг дошол на некоја чудна планета. Требало само уште да научи да ја контролира новостекнатата вештина. Но, една вечер Ганг исчезнал, умрел.
Џонатан се повеќе размислувал за Земјата. Саливан го убедувал да остане, но Џонатан сепак заминал. На небото можел да се врати секој момент, бидејќи ги совладал и времето и просторот. Отишол на Земјата, бидејќи сакал да ги научи да летаат и другите галеби кои биле протерани како него поради летањето. Прв ученик му бил галебот Флечер Линд, млад галеб кој тежнеел кон летачкото совршенство. А Џонатан во тоа време бил најубавиот и најсовршениот галеб на светот. Наскоро добил уште шест нови ученици и со нив и со Флечер сакал да се покаже пред своето старо јато. На почетокот бил одбиван, но по некое време илјадници галеби се собирале околу него и сакале да станат како него. Еден ден Флечер доживеал несреќа. Со голема брзина удрил во некоја карпа и ништо не му било. Џонатан тогаш забележал дека Флечер завладеал со снагата на своите мисли и му го препуштил подучуванњето на другите галеби, а тој отишол кај други јата.
Флечер сфатил дека не постојат граници, дека сè е можно. Тогаш започнал неговиот лов на Џонатан, за отелотворување на совршенството и неговата трка со знаењето. Во таа трка не можел да победи бидејќи знаењето нема граници.

Friday, December 22, 2017

Бескрајна приказна - Михаел Енде

Михаел Андреас Хемлмут Енде  роден на 12 Ноември 1929 и починат на 28 Август 1995 бил германски писател на фантастични книги и книги со детска фикција. Тој бил единственото дете на сликарот Едгар Енде и психотерапевтот Луиза Енде. Експозицијата почнува кога во антикварница на Карл Конрад Кореандер влегува со чудење детето Бастијан Балтазар Букс. Бастијан кажува дека бега од децата од училиште кои го задеваат и малтретираат. Додека старецот зборува на телефон Бастијан ја краде книгата и се упатува кон таванот на училиштето и почнува да ја чита книгата од антикварницата, „Бескрајна приказна“.  
      Заплетот во приказната почнува кога Детската царица се разболува во Кулата на Слоновата коска во земјата „Фантазија“ и сите бараат доктори за да ја излечат. Кентаурот Каирон предлага медалјонот Аурин да му го дадат на Атреј. Во Мочуриштето на тагата Древната морла му кажува дека само пророчицата Ујулала знае како да се спаси „Фантазија“ од ништото. Чудовиштето Играмул го слуша гласот на Бастијан и го каснува Атреј и змејот на среќата Фухур за да стирнат за 10000 години кај Ујулала која живее позади три врати. Тогаш Ујулала кажува дека само дете од реалниот/вистинскиот свет може да и даде ново име на Детската царица и да ја спаси неа и „Фантазија“ од ништото.         
      Кулминацијата настанува кога Бастијан пребледен поради гризот, се наоѓа во кулата и ја нарекува Детската царица „Месечево дете“. Бастијан и царицата се сретнуваат и таа му го подарува  медалјонот Аурин за да му се исполнат сите желби. Бастијан посакува да стане јунак да се бори со лавот Граограман.         
      Пресвртот почнува кога Бастијан со проколнатиот меч го ранува Атреј кој мора да избега со змејот Фухур. Бастијан станува силен и победува на турнирот во градот Амаргант и ги спасува плачливите црви, но тие сакаат да го направат него свој господар.        
      Расплетот почнува кога Атреј по грешка го спасува Бастијан кај Јон во рудникот на изгубени слики, тој му помага да ја најде светата вода кај двете змии на медалјонот и да се врати во својот свет. Кога Бастијан се враќа се во  својот свет се симнува од таванот и кога се враќа му раскажува за своите авантури на татко му. Но книгата ја снемало и господинот Кореандер на Бастијан дека таква книга никогаш не постоела, а Детската царица пак ќе ја види само ако и даде ново име.

Sunday, November 19, 2017

„Повикот на дивината“ - Џек Лондон

Оваа книга е за семејството куче Бак кој живееше среќно со своето семејство, додека тој бил киднапиран. Тој бил однесен во Алјаска за да стане sled куче таму. Тој мораше да се навикнеш на него брзо кога влечење санки со други кучиња. Во почетокот беше многу тешко за кучето Бак, но со текот на времето станал овој резултат не била посилна и тоа одеше подобро и подобро.Неговиот прв сопственик беше Франсоа и Перо. Тие би можеле да бидат многу тешки, а понекогаш и тие би можеле да го поразам без причина. Меѓу кучиња кои влечат санки Бак со беше кучето Шпиц. Шпиц беше на групата куче водич и тој беше жал многу агресивни. Шпиц беше во можност да се украде храна од другите, а понекогаш дури и залак смрт. Неколку недели подоцна, кога отиде зеде Бакс губи трпението. Потоа почна борба за живот и смрт. Бак доби битката со голема радост. Кога Франсоа и Перо беше кажано што се случило прогласи префрлуваат одговорноста за водење куче.
Еден ден по наредба на Франсоа и Перо за нови задачи. Тогаш тие мораа да ги продадат своите кучиња и на тој начин доби Бак новите господари кои возеа пошта на копачи. Неговиот живот се промени повторно. Во новите автобуси беа денови сè потешко. Кучиња имале тежок товар да се повлече и ретко има доволно одмор. Еден ден по многу долг и исцрпувачки патување, тие мораа да останат во приморскиот град. Бидејќи поштари доби нова пратка на пошта и веднаш ќе излезе, тие мораа да се направи употреба на нови кучиња и Бакс куче тимови им беше дозволено да останат во градот. По неколку дена целиот тимови куче купен од страна на новите сопственици повторно. На новите сопственици, двајца мажи и една жена, беа чиста аматери. Тие не знаат како да се справи со кучиња и санки. И покрај ова, тие го оставија сè за тежок товар и премногу малку храна. Патувањето беше ужасна и привлече во тоа време. Кога стигнаа до реката беше пролетта речиси таму и мраз на реката е многу тенка. На реката што се сретна со еден човек по име Јован Тор кули. Тој се обидел да ги одвратат поминува река со кучиња и санки но тие инсистираа и замина со сите кучиња, освен Бак. Кога ситуацијата беше Бак не само целосно исфрлени, но, исто така, се чувствува дека е опасно да оди по мразот. Тој беше испратен наместо да остане со Тор кули, а другиот беше повлечен во водата во нивните обиди да ја премине реката. На Тор кули Бак најде нови пријатели и Тор самата кула покажа Бакс најдобар пријател. Бак себе привлече целосно во него и се качив на некои прилики да се бори за него. Откако тој, исто така, спаси животот на него кога Тор кула беше за да се удави. Бак стана се повеќе и повеќе познати во областа за нивните перформанси и најголемата слава го добил кога го освои голем што прави господарот со влечење товар што е обично десет кучиња може да успее. Еден ден им Бак и неговиот господар во пустината да се погледне за злато. Во пустината почнаа да се префрлуваат во живо се повеќе и повеќе слободен живот и тој беше многу среќен за тоа. Често го слушна повикот на дивината, и тоа се чувствува многу привлечен за него. Еднаш, по долго лов елен, тој се врати во кампот и да се најде на сите убиени од страна на Индијанците. Тој го загуби својот најдобар пријател Тор кули и остана сам во пустината. По некое време се исполнуваше со тага, тој конечно ја најде својата среќа со волци и живеел до крајот на својот пат дива волк живот.
Главниот лик во оваа книга не е човек туку на куче по име Бак
Неговиот живот станал многу драматично и многу луѓе и настани влијаеле врз неговиот карактер.Од самиот почеток бил пријателски семејство куче поради околностите изменета на силна и агресивни борец куче. Тој имаше јасна лидерски особини и дека тој треба да се докаже на неколку пати. Во исто време, тој беше полн со љубов и грижа за луѓето и нивните кучешки придружници, но само на оние што тој верува. Кога тој бил пријател со една личност, кога тој го покажа на секој можен начин. Против своите непријатели, тој беше целосно безмилосен. Бак е куче со многу силна личност и голем карактер. Кучето што би сакале да го имаат како пријател.
за првпат беше објавен во 1903 година Тоа е приказна за големата и силна мешана раса куче Бак киднапиран од безбедна постоењето на една фарма. Тој се продаваат и да се транспортираат на север до златна треска Алјаска. А хард живот како sled куче чека Бак. Тој се закоравени во суровата постоење и на крајот донесе античките инстинкти за животот. Тој сонува за животот во пустината.

Monday, November 6, 2017

„Панонски легенди“


                  „Панонските легенди“ или „Моравско-панонските легенди“ поединечно се наречени „Житие на Св.Кирил“ и „Житие на Св.Методија“, содржат во себе податоци за животот на творците на првата словенска азбука, напишани на словенски јазик во чии основи влегол говорот на македонските словени од солунско во средината на IX век. Постои мислење дека просветителот Методија би можел да е автор на „Житието на Св.Кирил“, односно дека Климент Охридски или Горазд-двајца најпознати нивни ученици го напишале „Житието на Св.Методија“. Овие житија се први страници на оригиналната словенска книжевност.
                 „Житие на Св.Кирил“(Константин филозоф)- уште како новороденче Константин се истакнува со својата свесност со тоа што одбива да се храни од градите на доилката, туку го сака само млекото на својата мајка. Роден бил во градот Солун, татко му бил од благороден род и богат, по име Лав. Со својата жена имале седум деца. Седмото, најмалото дете бил Контантин филозоф. Родителите потоа 14 години живееле како брат и сестра се до смртта на Лав. На 7 години Константин сонил сон како „стратегот“( главниот воен заповедник) му рекол да одбере една девојка за сопруга и  помошничка, а Кирил ја одбрал Софија, т.е.„Мудроста“. Од тогаш пратејќи го овој божји знак Кирил се посветил на наука, седејќи дома и учејќи. Константин не бил властољубив, брзо се разочарал од младешкиот живот во потрага по пари, жени и лов, го пленела љубовта кон филозофијата, науката и мисионерството. Имал силен, логичен ум, ги надвладувал неверниците со својата логика и знаење со верба во христијанството, со тоа станувал силен дијалектичар.Дошол во Цариград, ја научил граматиката за три месеци и ја започнал својата мисија под влијание на позитивниот лик во житието - царот Михаил III, кој како ученик на Кирил бил убеден во неговите дијалектички способности. Го подготвил и го испратил Кирил на мисија кај соборениот патријарх Јован (борец против „иконите“), кого со логички одговори го убедил зошто треба да се почитуваат иконите. Потоа следната мисија ја продолжува кај Сарацените со кои водел дебата за заштита на христијанството и учењето на Св.Троица ( Отецот, Синот и Светиот дух). Со Хазарите ја истакнува својата железна логика, со своите одговори ги засрамил неверниците и придонел да ја прифатат христијанската вера.
               Со венецијанските првосвештеници со својата демократичност и хуманизам ја одбранил тезата дека Господ оставил порака да постои богослужба на сите јазици, а не на „тријазичен ерес“(грчки, латински и еврејски) како што дождот врне за  сите луѓе, сонцето  исто грее за сите и сите дишат ист воздух. Царот Михаил III го испратил Кирил и кај моравците упатувајќи писмо до кнезот Ростислав со топли зборови за Кирил. Починал на 42 години на 14 Февруари во Рим, папата наредил да го погребаат во црквата на Свети  Климент  ( по барање на Св. Методија) и во чест  на пронаоѓањето на моштите на светецот во морето од страна на Кирил.



Thursday, October 19, 2017

Сердарот од Григор Прличев


   Поема е долга лирско-епска творба во која се опева животот и делото на некој јунак или некој историски настан низ стихови или раскажувани содржини.Таква е и поемата Сердарот од Глигор Прличев.Таа била создадена во Грција но со текот на времето била преведена на Македонски јазик.
      Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830- Охрид, 6 февруари 1893) — истакнат македонски писател од времето на ромнантизмот и значаен претсавник на македонската книжевност од XIX век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези.
Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствува во Охрид. Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во Тирана, Албанија. Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-59 г. повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места: Долна Белица, Струшко, Битола, Прилеп и Охрид, за да си обезбеди услови за продолжување на студиите.
Во 1859 година повторно доаѓа во Атина, како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и ловоров венец. Истата година делото излегува од печат.
    Поемата започнува со претчувството на Неда, мајката на Кузман, нејзиното сновидение за паѓање на гредите на родната куќа во пепел, што наговестувало тажни вести  поради што го ставила котелот на оган да  стопли вода, за да го измие телото на својот непрежален син. Сонот и претчувстата се исполнуваат, Кузмановото тело е пред мајката, донесено од четворицата преживеани Албанци (аналогно на предавањето на Хекторовото тело на кралот Пријам за почесен погреб од храбриот победник во двобојот Ахил во „Илијадата“ од Хомер, но  без влијанието на боговите и митовите на кои се повикува Хомер). Неда е пред се мајка и тоа го оправдува нејзиниот гнев спрема „малодушните земјоделци“ кои носат скриена вина за смртта на Кузман, сега нема кој да се грижи за честа на нивните снаи и вдовици. Таа не може да биде задоволна од албанскиот збор дека само нејзината куќа ќе биде почитувана, нејзиното срце е отворено за целиот несреќен народ. Нејзината решителност, нејзината бунтовна крв- тоа е сенка на самата нејзина природа, угнетениот намачен народ е претставен во мнозинство кое кое ја оплакува смртта на Кузман но и својата судбина. Во личноста на Неда се судруваат две мисли дали е добро што го воспитала синот не херојство и непокор по стапките на татко му Стајо и дедо му Раде чија судбина била да загинат од арнаутот Муча или е тажно што ја остава вереницата Марија од семејството на Томе како  вдовица после размената на прстените со Кузман, преку кој чин требало да се пренесе крвта на единствениот Недин наследник. Сега коренот на семејството пресушува. Не може да се препознае во поемата што е поболно, дали чинот на капењето на мртовецот и облекувањето во херојска облека или Недината тажачка кој ја смрзнува крвта во вените, или тагата на коњот на Кузман кој со својата грива држи сенка на сеуште крвавото тело на својот непрежален стопан.
       Во претпоследната песна од поемата ја среќаваме Марија, свршеницата на Кузман и нејзиниот стар татко Томе, додека татко и е слика на простота и наивност, Марија е симбол на верноста, воспитувана во патријархален дух која вечно носи темјанушки и жали на гробот на Кузман со своите другарки секоја година пеејќи таговни јуначки песни, нејзиното бело лице огрубело и сите потајно велеле дека е луда.
      Поемата ни открива дел од стварноста во која живеел македонскиот народ во западните краишта во триесеттите години од минатиот век: макотрпен живот, секојдневен страв за своето постоење решителна борба на милост и немилост, обичаи и верувања. Отсликан е и животот на албанските Геги, нивната смелост, дрскост, крвната одмазда, но и нивното гостољубие и чесност во нормални услови оддавајќи му чест на големиот храбар македонски џин Кузман за достоен погреб за да телото не му го јадат птици и пци. И сето тоа завршува со тажен спомен на опис на Кузмановиот гроб, тажните струни на гусларот и овековечувањето на тажните стихови во поемата„ Сердарот“. 


Monday, October 9, 2017

Илијада од Хомер

  Хомер е легендарен грчки поет,  традиционално славен како автор на големите грчки епови „Илијада“ и „Одисеја, комичниот мини-еп "Војната на Жабецот и Глушецот", корпусот Хомерови химни, и различни други изгубени или нецелосни дела како „Маргитес“. Неколку антички автори нему му го припишуваат целиот епски циклус, кој вклучува и натамошни поеми за Тројанската војна како и поемите за Едип и неговите синови.
  
 Содржината на „Илијада“ е земена од митот за Тројанската војна. Меѓу Ахил (главниот јунак)  и Агамемнон (водачот на Ахајците) избувнува кавга затоа што Агамемнон на Ахил му ја одзел омилената робинка Брисеида во замена на робинката Хрисеида. Гневен Ахил се повлекува од бојот и ги остава Ахајците да трпат порази. Ахил на својот пријател Патрокло му го дава своето оружје за да се бори против Хектор како да е Ахил но, во двобојот  Патрокло е убиен. Гневен и полн со желба за одмазда Ахил се враќа на бојното поле и во двобој го убива Хектор. На крај на епот Ахил му го предава Хекторовото тело на татко му кралот Пријам, тој го носи телото во Троја и епот завршува така што Хекторовото тело се закопува во неговиот роден крај.

  Но ова не е крај на епот Илијада. Смртта на Хектор не значи и крај на војната. Дури и со смртта на Ахил кој бил прострелан (во петата) од стрелата на Парис, не завршува војната. Одисеј и Ахајците влегле во Троја, ги убиле сите мажи, го запалиле градот и така конечно завршила десетгодишната Тројанска војна.

Во ова дело главни јунаци се:
-Ахил од страна на Ахајците
-Хектор од страна на Тројанците
-Агамемнон од страна на Ахајците
-Патрокло од страна на Ахајците





Friday, March 31, 2017

Проект: Биографиија на И. Џамбазов



     На часот македонскијазик  имавме за задача да изготвиме проект за биографија за Игор Џамбазов.
    Членови на мојата работна група беа Симона Таневска, Стефан Спасевски и јас Матеа Стојковска .Секој од членовите се трудеше да даде допринос во изработката на овој проект.Со добра организација ние навреме го изработивме и предадовме проектот.
       Поради нашето оправдано отсуство ( Матеа и Симона ), презентацијата ја вршеше нашиот другар Стефан.

Sunday, February 26, 2017

Обработка на лектирата ,,Времеплов"



     Јас и мојата група имавме за работна задача да ги пронајдеме ликовите,чуствата на ликовите,проблемите и настаните во лектирата ,,Времеплов" од Х. Џ. Велс.
        Наставничката формира 7 групи,  по 3 деца во група. Јас сум во работна група со моите соученици Мануела и Давид. Ние нашата задачата успешно ја сработивме, и затоа мојата оцена е позитивна во смисла дека е навремено завршена и доставена до нашата наставничка .Сметам дека настаните се точно и добро подредени со оглед  дека  сите се залагавме и работевме подеднакво и тимски.
     Лектирата ,,Времеплов" е напишана во 12 дела. Јас и мојата група внимателно ја прочитавме и го обработивме лектирата, и притоа изработивме табела, која го опфаќа секој дел поединечно во скратена форма, во која табела ги опишавме настаните, ликотите,  проблемите и чуствата на ликовите.
            Нашиот труд и залагање се надевам дека ќе биде награден со успешна оценка.

Saturday, February 11, 2017


Животен стил - некогаш и денес

Дали времето во кое живееме е најдоброто  за младите од мојата генерација?

  Времето во кое денес живееме го обележуваат низа продуктивни настани, процеси и промени. Тие влијанија ги сменија и подобрија условите за живеење на милиони луѓе.
 Имено, од една страна имаме бум на технолошко-техничкиот развој. Постигнат е голем напредок на полето на информатичката технологија. Но, истовремено со итање и со брзи чекори постигнати се и големи научни достигнувања во областа на фармацијата, медицината, машинството и др.
  Обичниот човек доколку го натерате да направи паралела за животот некогаш и денес, без тронка двоумење ќе ја нагласи предноста на денешниот животен стил на живеење. Притоа потенцирајќи ги сите придобивки, специфики, па дури и недоследности. Но сепак ќе ја потенцира разликата која може да се назре помеѓу живеењето пред триесетина години и денес.
  Но ако се проанализира добро, обичниот човек секако ќе забележи дека денес живееме во време кога помалку се гледаме и емоционално доживуваме меѓусебно. Тоа е поради поседувањето на најсовремени средства за комуникација. Па како резултат на тоа почесто се гледаме и среќаваме трчајќи низ животот и постојано бркајќи го времето, а помалку искрено се доживуваме и почитуваме.
  Меѓутоа, еден настан, еден миг, може да ви ги промени постојаните животни текови. Затоа вистински уживајте во секој миг, зграбете го животот и трчајте низ него со полна пареа бидејќи е еден и единствен, неповторлив. Искористете ја шансата физички да бидете присутни во животот на ближните и драги луѓе што почесто, шепнете им, или гласно изговорете дека ви значат, направете го секој миг величествен бидејќи она што денес ќе се случи утре е веќе минато..