Monday, November 6, 2017
„Панонски легенди“
„Панонските легенди“ или „Моравско-панонските легенди“ поединечно се наречени „Житие на Св.Кирил“ и „Житие на Св.Методија“, содржат во себе податоци за животот на творците на првата словенска азбука, напишани на словенски јазик во чии основи влегол говорот на македонските словени од солунско во средината на IX век. Постои мислење дека просветителот Методија би можел да е автор на „Житието на Св.Кирил“, односно дека Климент Охридски или Горазд-двајца најпознати нивни ученици го напишале „Житието на Св.Методија“. Овие житија се први страници на оригиналната словенска книжевност.
„Житие на Св.Кирил“(Константин филозоф)- уште како новороденче Константин се истакнува со својата свесност со тоа што одбива да се храни од градите на доилката, туку го сака само млекото на својата мајка. Роден бил во градот Солун, татко му бил од благороден род и богат, по име Лав. Со својата жена имале седум деца. Седмото, најмалото дете бил Контантин филозоф. Родителите потоа 14 години живееле како брат и сестра се до смртта на Лав. На 7 години Константин сонил сон како „стратегот“( главниот воен заповедник) му рекол да одбере една девојка за сопруга и помошничка, а Кирил ја одбрал Софија, т.е.„Мудроста“. Од тогаш пратејќи го овој божји знак Кирил се посветил на наука, седејќи дома и учејќи. Константин не бил властољубив, брзо се разочарал од младешкиот живот во потрага по пари, жени и лов, го пленела љубовта кон филозофијата, науката и мисионерството. Имал силен, логичен ум, ги надвладувал неверниците со својата логика и знаење со верба во христијанството, со тоа станувал силен дијалектичар.Дошол во Цариград, ја научил граматиката за три месеци и ја започнал својата мисија под влијание на позитивниот лик во житието - царот Михаил III, кој како ученик на Кирил бил убеден во неговите дијалектички способности. Го подготвил и го испратил Кирил на мисија кај соборениот патријарх Јован (борец против „иконите“), кого со логички одговори го убедил зошто треба да се почитуваат иконите. Потоа следната мисија ја продолжува кај Сарацените со кои водел дебата за заштита на христијанството и учењето на Св.Троица ( Отецот, Синот и Светиот дух). Со Хазарите ја истакнува својата железна логика, со своите одговори ги засрамил неверниците и придонел да ја прифатат христијанската вера.
Со венецијанските првосвештеници со својата демократичност и хуманизам ја одбранил тезата дека Господ оставил порака да постои богослужба на сите јазици, а не на „тријазичен ерес“(грчки, латински и еврејски) како што дождот врне за сите луѓе, сонцето исто грее за сите и сите дишат ист воздух. Царот Михаил III го испратил Кирил и кај моравците упатувајќи писмо до кнезот Ростислав со топли зборови за Кирил. Починал на 42 години на 14 Февруари во Рим, папата наредил да го погребаат во црквата на Свети Климент ( по барање на Св. Методија) и во чест на пронаоѓањето на моштите на светецот во морето од страна на Кирил.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment