Thursday, May 31, 2018

Мостар-репортажа

Не е баш дел од јадранскиот дел од патот, но одамна голема желба ми беше да го посетам Мостар, ем поради Стариот Мост и ем да пробам дали (босанските) ќебапи се подобри од нашите :D

Да не навлегувам во историјата на БиХ, повеќето добро сме запознати со неа (повеќе или помалку), но внимавајте - населението е прилично поделено на Хрвати (католици) и Бошњаци (муслимани), па од оние Хрвати што ги познавам од Мостар, знам дека се лутат ако ги наречете Босанци бидејќи се сметаат за Херцеговци. Од нив знам дека имаат и посебни училишта и факултети за Хрвати и Бошњаци, поделени места за излегување, итн.. до некаде и звучи познато. Единствено мешана е главната мостарска гимназија која е исто така интересно архитектонско дело во центарот близу до чаршијата.

Назад на убавите работи: Мостар има околу 100.000 жители, низ него поминува прекрасната река Неретва, има симпатична мала чаршија и изненадувачки има многу туристи. Името на градот доаѓа од чуварите на Стари мост (мостари) кој бил изграден во 16-ти век и е еден од најпознатите и најпрепознатливи мостови на Балканот (а можеби и пошироко) поради неговата големина и само еден свод што било значително архитектонско дело во тој период. За жал денешниот мост всушност е реплика завршена во 2004-та година бидејќи оригиналниот бил срушен во војната, а заедно со него биле реконструирани сите историски обележја во неговата околина, вклучувајќи ги двете кули од страните - Тара и Халебија. Во 2005-та мостот и неговата околина биле заштитени како споменик во UNESCO.

Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски

Драмското дело „Чорбаџи Теодос“ е книга од Васил Иљоски кое се работи за подметнување на кумството на Чорбаџи Теодос од итриот Арсо. Ова дејство се водело за време на турското владеење во Скопје.
    Еден од главните ликови е Кева, жената на Теодос. 
Ти би мислел како жена на богатиот човек, таа би живеела луксузен живот. Таа уствари во драмското дело се среќава како тажна, работлива и како ичност под многу стрес.
Иако Кева многу работела за да му угоди на чорбаџијата, сепак таа немала доволно влијание на луѓето околу себе, и поради тоа таа е прост и статичен лик. Таа не била свесна за тоа како ја гледале другите. И таа не се соочувала самата себи, само сакала да му удоволи на чорбаџијата од што била толку преплањена.
     Погледот што го има Кева е реалистичен и го има сеучте во светот. Ширум околу светот има многу луѓе кои се преплашени од некоја личност, блиска или непосната

Шагринска Кожа

Во романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак се зборува за случките на ликот Рафаел де Валентин. Дејствието се одвивало во XIX век во Франција.
Рафаел де Валентин е динамична и комплексна личност, поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето и поради неговите одлуки што ги донесува кои влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
 Тој како личност би бил алчен и себичен човек кој само за себеси се грижи, кој би бил реалистичен поглед, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Рафаел живее како сиромашна, мизерна и разочарана личност .
Поради неговата алчност и себичност е делумно свесен за сам себеси, како што него не го интересира за тоа како го гледаат луѓето околу него. Тој незнаејќи кога да прекине  со посакувањето на желби, стана зависен од тоа, каде што само смрта може да го сопре.
Така тој поради неговата зависност, со кожата помала од лист на зеленика,  изразувајќи желба на љубов каде што умира во прегратките на Полина.

Sunday, November 19, 2017


„Повик на дивината“

 

            Во романот „Повик на дивината“ од Џек Лондон се зборува за случките и страдањата на кучето Бак. Дејствието се одвивало во XIX век кога започнала златната треска во Артикот.
Бак е динамичен и комплексен,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето, и поради тоа што тој е сметан  за силна, храбра и паметна личносткој е длабоко свесен за постапки што ги донесува, кој влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
Тој бил грабнат од имотот на судијата Милер каде што бил продаван се додека не стигнал до Артикот, каде негова должност била        пренесување на злато, заедно со други кучиња. Неговото живеење од мирносреќно и удобно место преминало во сурово и сиромашно место каде што тој секојдневно се бори за својот живот.
Тој е доста свесен за тоа како го гледаат другите, и погледот на кучето Бак е сосема реалистичен, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Поради неговата сила и храброст станал главен на групата на кучијата. Исто така, откако дознал дека сите умреле тој  отишол да си го живее својот живот во дивината заедно со волците.

О писменех (За буквите)

Порано Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа, исто како и многубошците.
     А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое посебно правило. Но како може добро да се пишува со грчки букви: бог, или живот, или ѕелов или црков, или человек, или широта, или штедроти, или јуност, или јаду, или јазил или јад, и слични на овие? И така се продолжуваше многу години.
Со тоа Словените се запрашувале за тоа како тие немаат совоја азбука. Било „дадено“ од бога само на грчки да пишува, но за среќа се појавил св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви.
Сепак луѓето биле збунети поради тоа што не би било потребно да има 38 букби, но и дека било зададено од бога само на грчки да се пишува и учи.
     „Чим бога ги создал луѓето, секој на раѓање е еднаков, сите се раѓаат исти.“ И поради тоа луѓето би имале избор за своја азбука со било колку букви.

Островот со скриеното богатство

Јас сум таинствена мапа, кријам многу работи, а направена од многу разни метеријали. Врз мене цртаат со боја, за да се најде пара моја.
     Откако јас како лист хартија бев обележан со сите главни точки од островот, со текот на времето поминував од колено на колено, од пират на пират. Утрото, некоe си младо момче ме пронајде. "Дечки најдов некоја си мапа која ветува дека ќе не донесе до скриено богатство, кое би не направило богати љуѓе до живот." -рече тој. И тие така започнаа да ме истражуваат, за да откријат каде се наоѓа островот со скриеното богатство. После многу часа поминати во размислување, се решија да тргнат по потрага на богатството. Но за тоа беше потребно брод и помош што ќе им го нуди екипажот. Затоа тие земаа брод и почнаа да рекрутираа лиѓе. Со текот на времето човек по човек, сите на број се собраа, такашто започнавме со нашата долга авантура до островот. Патот до таму беше многу опасен, честопати имаше бури, врнеше нонстоп, а брановите поклопуваа. Екипажот дневно се намалуваше, но како и да е пристигнавме на островот.
     Пола од задачата ми е завршена уште остана да ги одведам до богатството на островот потоа сум слободна.

Јас бродот Хиспаниола, најбрзиот и најмоќниот од сите останати, направен и составен од даски од бор, а поврзан со шајки направени од челик.
     Беше утро, сонцето од планините се издигаше. Времето се менуваше, заврна, а морето бурно бранови поклопуваа.
Дојде време, луѓето почнаа да ме товарат со оружје, храна и разни ресурси.
Товарењето траеше долго, тие имаат многу работи на списокот, но сеуште не натоварени.
Слушнав дека патот до таму бил многу долг и опасен, но јас без грижа, изграден од најмоќните материјали, и карпа да фрлиш врз мене нема да потонам.
Товарењето сеуште траеше, попладне е,
поминаа веќе 9 часа.
-Црфффф! Нешто се деси, мислам дека беше јажето што не поврзуваше мене и пристаништето. Мислам дека тргнавме, сите љуѓе се качија на палубата, такашто започнавме по нашиот долг пат.
-Тргнавме, сите се развеселија и почнаа да танцуваат. Но сеуште тие не беа свесни што не очекуваше на отвореното море. Слушнав дека трагуваат по скриеното богатство.
Патот беше многу тежок, имаше бури и љуѓето еден по еден умираа. И така секој ден бројот на морепловци се намалуваше, а останатите што ќе ја преживееја бурата на крајот од денот стануваа многу уморни.
     Како и да е пристигнавме на островот. Јас речиси си ја завршив половината од мисијата, сеуште треба да ги вратам назаф. Не чрка долг пат назад.

Sunday, May 20, 2018

Есеј за Прва љубов

Прва љубов со зборови не се опишува, нешто што секогаш ќе се сеќавам за него. Сите моменти поминати заедно беше убаво чувство со него. Тој беше човекот што ми украде срцето, зачудувачки како да го засакав засекогаш. Си замислував дека можам се да направам во животот се за него. Средбите и разговорите во вечерните допишувања ми ги правеа ноќите поубави. И кога си спиев со мојата голема плишана мечка го мислев него, како да го осеќав секое негово милување, секоја прегратка, сдкој бакнеж... За мене тој претставуваше цел свет, принцот со белиот коњ што неможам да го заборавам. Незнам зошто толку многу го сакав, колку сакав да го прегрнам, да му кажам дека ме маѓепса неговиот поглед, кој во секој момент мене ме возбудуваше. Истиот јас не го познавав, но таа прва средба ја осетив длабоко во душата. Неговата близина и неговата насмевка не се забораваат никогаш. Ох, колку боли, во душата гори, тоа никогаш нема да ми избледе. Јас тогаш незнам како се чувствував дали да плачам или да се смеам. Се сеќавам во животот мој кога прв пат те сретнав и запознав многу случајно, но ти си замина толку тивко, што моето срце неможеше да го поднесе тоа нешто. Иако јас бев далеку од тебе те сакав, толку многу што можев целиот мој живот за тебе да го дадам. Но сега од тие спомени останаа само пораките и сликите

Антигона од Софокле

Анализа на ликот Антигона


            Од древноста до денес, ретко женскиот лик е главен и носител на насловот на делото. Едно од ретките е токму „Антигона“ на Софокле.
Иако во трагедијата, можеби носечката улога ја има кралот Креон, сепак, Софокле ѝ дал предност на ќерката на Едип, Антигона.
            Својата трагедија Антигона ја носи во крвта. Трагедијата на татко ѝ Едип се пренесува на целото семејство – па и на неа. Родена во грев, ќерка на родители – мајка и син, таа не може да има среќна судбина. Но, сепак, тоа не е нејзината најголема трагедија. Таа е толку чесна, достоинствена, горда и посветена, што не може да дозволи нејзиниот брат, па каква и да му била вината, да го остави непогребан. Според неа, двајцата браќа што се убиле меѓусебно за превласт, се еднакво виновни и еднакво – браќа. Не сака да дозволи едниот да биде величан, а другиот фрлен на мршојадците. За неа тоа не е правдина. А за нејзината правдина, најголемата смелост е што го жртвува животот. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон – само за да ја зачува честа на семејството и до крај да ја искаже сестринската љубов и почит. Нејзините зборови дека мртвиот сопруг се заменува лесно, дека и ново дете може да се роди, но нов брат не може да се има поради мртвите родители – јасно го покажуваат нејзиниот став. За неа тука завршува сѐ. И нејзините желби, и нејзините копнежи, и љубовта кон свршеникот, и заповедта на кралот. Ништо нема значење. Само зачувувањето на достоинството, свое и на братот. Непоколеблива е во одлуката дури и кога сестра ѝ Исмена смета дека е лудо да се жртвува животот за тоа, непоколеблива е и кога таа со ништо не сака да ѝ помогне. Напротив, ја разбира сестрината желба за живот и среќа. А, Креон дури се плаши дека Антигона ќе биде помаж од него, па иако не е убеден во нејзината вина – ја осудува на смрт.
           Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани карактери опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.