Sunday, May 20, 2018

Силијан Штркот од М. Цепенков

Марко Цепенков е еден од оние луѓе што ја чинат гордоста на Прилеп и заслугите на кои „треба вечно да се споменуваат од секој прилепчанец“. Цепенков зад себе оставил обемна и богата збирка од народни умотворби и белешки од различни страни на народниот живот. Неговата автобиографија не е сеуште никаде испечатена, најмногу за него е кажано во еден краток некролог од три страни напишано од А.П.Стоилов во „Известија на народнија етнографски музеј“ во Софија (1921). Семејството на Цепенков било дојдено во Прилеп од блиското село Ореовец, самиот Марко се родил во Крушово 1829 година. До 15 години живеел при татка си Коста. Писменоста Марко ја стекнал во грчки ќелијни училишта, а во 1844 година кога се доселил во Прилеп учел две години кај Хаџи поп Константин Динков. Во 1856 година во Прилеп дошол како учител Димитар Миладинов. Како што кажува самиот Марко, почнал да го собира народното творештво под непосредно влијание на Димитар Миладинов, резултатите од својата триесетгодишна работа можел да ги покажува постепено дури во 1889 година, зафаќајќи се со културно разбудување на народот иако бил скромен прилепски терзија кој долги години го користел перото. Умира скоро заборавен на 29.12.1920 година во Софија.
          
 Силјан Штркот
Marko-Cepenkov.jpgМарко Цепенков 

   Дејствието е поврзано со одредени места во Прилепско, со обични луѓе од село на кои им било пишано да проживеат еден фантастичен свет,  за малку да се одвојат од селската стварност поради маката на заработка на лебецот, жегата на вршидбата и страдањата од макотрпната работа. Преку страдањата на Силјан се давало потврда на погоре кажаното. Се редат зборови на кротка татковска поука поради загубеноста на Силјан во пуста земја, потоа зборови на утеха во домот на Аџи-Кљаковци и симболиката на непокорот во борбата   на штрковите со орлите три дни во кои имало „крв до колена“. Сето ова кажува дека не треба да го заборавиме Цепенков оти ако воопшто штрковите го носат народот, ние сме пород на Силјан Штркот.
   Приказната започнува како во село Мало Коњари имало еден човек многу чесен и кроток, по име Божин. Тој имал само еден син по име Силјан и една ќерка по име Босилка. Силјан бил многу гален и од татка си и од мајка си бидејќи од многу синовина Божин само Силјан останал жив, поради тоа бил многу гален и го ожениле уште на шеснаесет години, а на седумнаесетте години му се родило на Силјана едно машко кое го викале Велко.
      Како разгален Силјан станал аџамија, воопшто не сакал  да работи селска работа:  орање на нивјето, копањето на лозјата, жниењето на нивјето, вршењето и гледањето на  овците, сите работи биле оставени  на Божина и на Божиница. Неда, неговата невеста, и сестра му ја работеле куќната работа, а пак Силјан постојано одел во Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и други слатки работи.
   Некој пат кога одел на пазар, ако му се нашле повеќе пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.
   Татко му го карал дека се забавил во град и не идел да му помага во работата, арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, воопшто не го слушалтатка си и мајка си, слично како  да не се настрви пес на касапница, после мачно е да се одучи. Многупати татко му го поучувал со кротко, до колку знаелсиромав Божин, и многу примери му носел  да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак.
  Му велел  „да се оставиш од тие лоши другари што не се домаќинска челад,тие те лажат, да трошиш пари по пустина, та и ти да се осиромашиш после како нив“! Му раскажал една легенда  за Сивета и Чулета. Тие биле две пилиња кои ги гледаат в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле. Ете тие две пилиња, си биле некогаш брат и сестра. Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка не почитувале, многу ги огорчувале, и  татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати,  пилци да се сторат и од куќата нивна да одлетаат,  во поле да појдат и по трњето да стојат,  еден-други да се бараат, та да неможаат никогаш да се најдат
                                                                     Истото и се случило, останале пилци до ден денеска.
Asian Openbill (Anastomus oscitans) in Kolkata I IMG 0495.jpg
Штрк
                 Додека го учел Божин сина си, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град,  ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи  во град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
      Вечерта дошол еден духовник во анот, од Божји гроб, да проси милостина по вилаетот Прилепски, а Силјан се нафатил  да го шета по селата и по градовите. Утрото тргнале по вилает да просат милостиње за на Божји гроб.
  Силјан на духовникот  му се молел дури со плач во очите за да го земе на Божји гроб. Дошле во Солун и влегле во една гемија та се упатиле за на Божи гроб. Одела гемијата по правиот пат и по некој ден свртел еден спротивен ветар многу силен, та кога ја подбрал гемијата по морската ширина, таа се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што биле во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво. Силјан тргнал да оди  да види што земја ќе беше таа.
Нашол еден извор,  се напил ладна вода и до изворот нашол зрели плодови и си скинал да касне, оти беше умрел од глад. Над изворот нашол една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева, целата ноќ си мислел засвојот мил татко и неговите зборови, за неговата мајка,  мило синче, мила сестра и за  милата домаќинка. Чудна земја била оваа, сонцето изгревало таму каде што требало да зајде.
Штрк во лет
       Со надеж Силјан да најде луѓе, тргнал да оди од планината в поле. На една низина видел луѓе, но не го разбирал нивниот јазик. Излегол од зад грмушките и тргнал кај луѓето да оди со прекрстени раце и со солзи на очите, се приближувал кај нив. Кога го виделе Силјана мажот и жената, ги оставиле косите и си проговориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале. Тие се обратиле со зборовите море што не проговориш, бре Силјане, да речеш добровечер, му рекол мажот, или помози Бог? “ – Силјан ги замолил да му кажат од каде го знаат. Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома. Го навечерале со најубави манџи како секој гостин најмил. Силјан не можел да се начуди на луѓето, кои се и во кое место се. Тие му рекле дека се дојдени од неговото село Коњари уште кога Силјан не бил роден. Му раскажале дека се луѓе, а за штркови што се прават, си ималеод деда прадеда клетва. Имало во старо време некој си старец што бил како светец на оваа земја. Во тоа време децата од преку-преку-дедови биле многу лоши; не ги слушале татка си и мајки си, само еден старец ги учел и децата и мајките и татковите за да не прават така, оти големо зло ќе ги најде. Бидејќи лоши многу биле децата, го удриле од земи старецот и беше му пукнала жолчката. Тогаш беше го проколнал старецот сиот народ што се наоѓал во својата земја: „Ох да би Господ ве судил деца, им рекол, што ме отепавте на правина! Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам“.На трите години од помеѓу гробот на старецот извреле два извора што се и ден денеска ако се искапеш на едниот стануваш штрк, а на другиот човек. И за вистина, клетвата од старецот што ги колнел,  се исполнила и по неколку години сите деца од лошата сипаница изумреле и останале сите како црни кукавици без челад;старецот на сон  им кажал да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во земјата на Силјан и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.Аџи Кљак-Кљак војводата му рекол  кога ќе  дојде времето за одење во земјата на Силјанистиот ќе се искапе и  ќе се стори еден штрк, ќе си земе едно шише вода од другиот извор и ќе си го обеси на гуша и кога ќе си одат дома, ќе се потури и ќе стане пак човек.
    Неколку месеци Силјан  им помагал  во сите полски работи. Се приближало времето за да се подготват да дојдат во земјата на Силјан, тогаш пратил пратеници Аџи Кљак-кљак по сите домаќини и сите младоженци да идат тамо за да се направат штркови. Во неколку дни се направиле штркови и сите одлетале крај море за да се чекаат дури сите да се соберат. Летале токму 24часа, дошле до една бара, та слегле на барата и се најале жаби и други животинки. Кога дошле близу селото Плетвар, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец и од радост веднаш слегол да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
   Арно ама од големата радост слегувајќи на земи го скршил шишето и си останал пак штрк. Силјан си отишол на другиот крај на куќата да седи. Бидејќи било многу рано, уште не беа развражале куќните луѓе, само татко излегол во двор, со прво него го видел и од жал што му паднало се расплакал. По малце време  станале сите од куќата и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците отишла да ги молзе, син му свињите и телците. Откога си поплакал Силјан на кога ги гледал и не можел со нив да зборува,  си летнал од куќа и си отишол в поле да си ги види нивјето, ливадите, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
   Еден ден син му Велко фрлил со стапчето по Штркот Силјан и го удрил по глава, та го ошумоглави и не можел Силјан веднаш да си летне.
    По неколку дни го догледала кучка Лиса и му се пуштила та го фатила за опашка. Ако не беше и свикал очарот Смиле на кучката да го пушти Силјана, ќе го испердушела уште за малце.
      По некоја недела ги спрегнал татко му Божин воловите и отишол на нива да ора замавнал со остенот на штркот, та беше го удрил по десната нога. Од големата болештина Силјан летнал како некој стршлен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да ја плаче лошата болештина од скршената нога.
      Бидејќи сестра му од Силјана била свршена, си седела во двор на ругузина и си низала едно ѓерданче од стари рупчиња. На  Силјана му текнало та слегол во двор и го зел ѓерданчето и го качил на куќа та го скрил во сламата.
       По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала. Силјан слегол од куќа, та и го зел клопчето што везела сосемати игла и го качил на куќа, та го скрил во сламата за ич да не се сеќава.  
      По малку време се приготвиле свадба да прават за Босилка, се задале сватовите од под село да идат, гајдите свирлеа Силјан се преколнувал декакога им грешел на мајка му и на татка муго втасала ваква клетва, да не бидечовек сега и да си ги пречека сватовите и  да се весели како сите што се на свадбава.
     На ден Пантелејмон штрковите си отишле во својата земја здрави и живи како што сакал Господин Бог.
     Како што првиот пат што иделевториот пат Силјан го врзал шишенцето посигурно да не се скрши, по патот ги нападнале орли биле тукуречи и тие на број колку штрковите. Три дни и три ноќи  се тепале орлите и штрковите. Крв до колена се беше направиле. Силјан во бојот никако не зел учествобидејќи Аџијата го имал покрај себе и бидејќи му бил гостин не го внесол во бојот. Радосни штрковите си тргнале и си се упатиле секој род и фамилија за својот вилает, а Силјан со Аџиовци си долетал во село Коњари здрав и жив.
Силјан дошол на амбарче и си го отворил црпчето, па си се потурил и  станалчовек како што си бил дома  при татко му и мајка му, при жената и детето. Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе.
 Се расчуло низ селото оти Силјан Божиноски си дошол од аџилак.
Силјан на селаните како приказна, почнал да им кажува што патил дома додека бил штрк и што видел и што сторил. Раскажал за Велко кога за малку ќе го удавел, за кучката која ќе го опердашела, за воловите кога орал и го удрил Божин со остенот и за да му поверуваат,приказната ја завршил  за ѓерданчето и преѓата со игла кои ги скрил на таванот на куќата. Сите тогаш му поверувале за неговите страдања. Од тој момент веќе Силјан се променил, бил работлив, јуначки се справувал со летната жега, вршидба и селките работи. Ете така му ја раскажал таткото на Марко приказната која и нему прадедовците му ја раскажувале како легенда за Силјан Штркот од колено на колено.

No comments:

Post a Comment