Thursday, May 31, 2018

Островот со скриеното богатство

Јас сум таинствена мапа, кријам многу работи, а направена од многу разни метеријали. Врз мене цртаат со боја, за да се најде пара моја.
     Откако јас како лист хартија бев обележан со сите главни точки од островот, со текот на времето поминував од колено на колено, од пират на пират. Утрото, некоe си младо момче ме пронајде. "Дечки најдов некоја си мапа која ветува дека ќе не донесе до скриено богатство, кое би не направило богати љуѓе до живот." -рече тој. И тие така започнаа да ме истражуваат, за да откријат каде се наоѓа островот со скриеното богатство. После многу часа поминати во размислување, се решија да тргнат по потрага на богатството. Но за тоа беше потребно брод и помош што ќе им го нуди екипажот. Затоа тие земаа брод и почнаа да рекрутираа лиѓе. Со текот на времето човек по човек, сите на број се собраа, такашто започнавме со нашата долга авантура до островот. Патот до таму беше многу опасен, честопати имаше бури, врнеше нонстоп, а брановите поклопуваа. Екипажот дневно се намалуваше, но како и да е пристигнавме на островот.
     Пола од задачата ми е завршена уште остана да ги одведам до богатството на островот потоа сум слободна.

Јас бродот Хиспаниола, најбрзиот и најмоќниот од сите останати, направен и составен од даски од бор, а поврзан со шајки направени од челик.
     Беше утро, сонцето од планините се издигаше. Времето се менуваше, заврна, а морето бурно бранови поклопуваа.
Дојде време, луѓето почнаа да ме товарат со оружје, храна и разни ресурси.
Товарењето траеше долго, тие имаат многу работи на списокот, но сеуште не натоварени.
Слушнав дека патот до таму бил многу долг и опасен, но јас без грижа, изграден од најмоќните материјали, и карпа да фрлиш врз мене нема да потонам.
Товарењето сеуште траеше, попладне е,
поминаа веќе 9 часа.
-Црфффф! Нешто се деси, мислам дека беше јажето што не поврзуваше мене и пристаништето. Мислам дека тргнавме, сите љуѓе се качија на палубата, такашто започнавме по нашиот долг пат.
-Тргнавме, сите се развеселија и почнаа да танцуваат. Но сеуште тие не беа свесни што не очекуваше на отвореното море. Слушнав дека трагуваат по скриеното богатство.
Патот беше многу тежок, имаше бури и љуѓето еден по еден умираа. И така секој ден бројот на морепловци се намалуваше, а останатите што ќе ја преживееја бурата на крајот од денот стануваа многу уморни.
     Како и да е пристигнавме на островот. Јас речиси си ја завршив половината од мисијата, сеуште треба да ги вратам назаф. Не чрка долг пат назад.

No comments:

Post a Comment