Sunday, May 20, 2018

Прва љубов од Иван С.Тургењев

Фабула          

             Ова дело започнува со средбата на домаќинот, со Сергеј Николаевич и Владимир Петрович и нивниот разговор за првата љубов.
             Сергеј и домаќинот ги раскажале своите приказни, па така дошло ред и на Владимир. Неговата била малку комплицирана и барала време да се раскаже. Тој одлучил сето тоа да го раскаже на парче хартија. 
             На таа хартија е опишана неговата љубов кон 21-годишната сосетка Зинаида, која за жал не е возвратена. Додека пак, таа се заљубува во таткото на Владимир, Петар.
  

Сценарио 

       (Владимир среќава младо и убаво девочје во кое се вљубува. Тој како и секоја вечер, отишол во градот со пушката да ги убива грабливите птици кон кои чувствувал голема омраза. Одејќи накај паркот Владимир слушнал некои гласови. На неколку чекори пред него била убава и млада девојка, со црвеникав фустан. Тој останал така зачуден, бидејќи не можел да им верува на своите очи. Пред девојката биле наредени редица момчиња, кои таа ги удирала по чело. Од другата страна на оградата пред Бладимир стоел лекарот Лушин (тогаш непознат човек за Владимир) кој речиси го преплашил. Пушката му паднала во треватаи бил целиот пребледен)
           Лекарот Лушин: Момче? Што си се загледал така во туѓи госпоѓици? Нели е срамота на твоите години?
           Владимир: Ама јас... (Не ја доврши реченицата, туку само побегна од местото гледајќи го страшниот лик на човекот што беше пред него)
           (Така бегајќи Владимир стигнал во својот дома, каде што успеал малку да се прибере и да ја врати бојата на лицето. Но, веднаш потоа се сретнува со прашања од неговиот татко)

            Петар (Таткото на Владимир): Што е со тебе, Владимир? Уби некоја од твоите врани? (Го праша татко му, приметувајќи дека нешто не е во ред со Владимир) 
            (Беше подготвен да му раскаже се и така да му е полесно, но незнаел ни што лошо воопшто направил. Со оваа помисла тој легнал во својот кревет и заспал.) 

            

No comments:

Post a Comment