Порано Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа, исто како и многубошците.
А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое посебно правило. Но како може добро да се пишува со грчки букви: бог, или живот, или ѕелов или црков, или человек, или широта, или штедроти, или јуност, или јаду, или јазил или јад, и слични на овие? И така се продолжуваше многу години.
Со тоа Словените се запрашувале за тоа како тие немаат совоја азбука. Било „дадено“ од бога само на грчки да пишува, но за среќа се појавил св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви.
Сепак луѓето биле збунети поради тоа што не би било потребно да има 38 букби, но и дека било зададено од бога само на грчки да се пишува и учи.
„Чим бога ги создал луѓето, секој на раѓање е еднаков, сите се раѓаат исти.“ И поради тоа луѓето би имале избор за своја азбука со било колку букви.
No comments:
Post a Comment